24фудбал

На какво дереџе падна Боатенг, пред една година беше член на Барса, сега потпишува за клуб од Серија Б

Поранешната ѕвезда на Милан, Кевин Принц Боатенг денеска треба да го помине медицинските тестови и да потпише за новиот член на Серија Б, Монца.

Италија

Боатенг повторно ќе се обедини со Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои беа сопственици на Милан кога тој играше таму, а сега се први луѓе на Монца.

Боатенг веќе е во Монца каде што денеска треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со второлигашот.

Тој во Монца доаѓа од Фиорентина, а виолетовите го имаа пратено во Бешикташ на позајмица за вториот дел од сезоната.

Најдобрите моменти од кариерата Боатенг ги имаше во Милан, шест месеци помина и во Барселона, но формата од деновите на Сан Сиро никогаш не ја повтори.