24фудбал

Младата ѕвезда на Бодо/Глимт: Кога клуб како Милан ќе ве побара мора сериозно да размислите но...

20 годишниот Јенс Петер Хауге признава дека има контакт со Милан, сериозно ќе ја разгледа понудата на „росонерите“ но не знае дали во следните десетина дена ќе направи трансфер на Сан Сиро.

Италија

Норвежанецот се најавува како засилување за офанзивата на Стефано Пиоло, а гласините добија на интензитет по неговата одлична партија на Сан Сиро во Лига Европа, кога постигна прекрасен гол и забележа асистенција.

„Знам дека има контакти. Им се допадна тоа што го видоа кога игравме, a им се допадна и она што го видоа претходно. Ќе треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Ми се допаѓа фудбалот на Милан, мислам дека ќе уживам во нивната игра. Ова е шанса за која мора сериозно да размислам“ – вели Јенс Петер Хауге.

„Секако, нивната понуда ќе треба да ги задоволи барањата на Бодо/Глимт“.

Се шпекулира дека Милан нуди 4 милиони евра, додека пак клубот од Норвешка бара 6 милиони евра, разлика која лесно може да се надмине во следните денови.

Но се верува дека поголем проблем е желбата на 20 годишното момче да ги одигра последните два месеци од сезоната во Норвешка и да се радува на титулата. Бодо/Глимт доминира оваа сезона и во моментов има +18 на врвот на табелата.

Запрашан дали ќе ја заврши сезоната во Бодо/Глимт или ќе направи трансфер, тој додава: „Тешко е да се каже, можe да се случи и тоа и тоа“.