24фудбал

Шкупи му врачи отказ на Бајрами по поразот од Струга

Раководството на Шкупи незадоволно од резултатите на стартот од сезоната го отпушти тренерот Мухарем Бајрами.

Македонија

Поразот од 2-0 на гостувањето кај Струга му пресуди на Бајрами.

„По вчерашниот пораз на нашиот тим од Струга ТЛ, клубот одлучи да го отстрани Мухарем Бајрами од позицијата тренер. Му благодариме на тренерот Мухарем Бајрами за неуморната работа и допринос за време на овој период, му посакуваме успех во кариерата“, стои во соопштението на Шкупи.

Шкупи е второ место на табелата со четири бода заостанување зад Шкендија. Раководството на клубот очигледно цели кон шампионската титула.

Фото: ФК Шкупи