24фудбал

Официјално: Боатенг го комплетираше трансферот во Монца

Монца се пофали со нивното големо засилување за новата сезона во Серија Б, Кевин Принц Боатенг потпиша за клубот на Берлускони.

Италија

Монца минатата сезона влезе во Серија Б, а за таму најавува големи амбиции, сопственикот Силвио Берлускони и неговата десна рака Адриано Галијани сакаат експресно да влезат и во Серија А.

За таа цел го ангажираат Кевин Принц Боатенг кој во Милан кога тие го водеа клубот ги имаше најдобрите денови во кариерата.

„Монца сака да соопшти дека го ангажираше Кевин Принц Боатенг од Фиорентина, тој потпиша договор до 30. јуни 2021 година со опција да го продолжи и за втора година доколку бидат исполнети некои услови“, стои во соопштението на Монца.