24фудбал

На Дембеле не му доаѓа памет, повторно задоцни на тренинг

Осман Дембеле никако да ја подобри дисциплината, медиумите од Шпанија пренесуваат дека напаѓачот доцнел 15 минути на денешниот тренинг.

Шпанија

Французинот е второто најскапо засилување во историјата на Барселона откако на Борусија Дортмунд и беа платени 105 милиони евра, плус додатни 40 милиони во бонуси, но „каталонците“ видоа малку аир.

Тој често е надвор од терените поради повреди, а има проблеми и со дисциплината. Оваа сезона на кормилото на Барселона седна Роналд Куман, кој има строги правила и бара играчите да се појават во тренинг коплексот еден час пред почетокот на сесијата, но на Осман Дембеле не му доаѓа памет.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, младиот напаѓач доцнел 15 минути на денешниот тренинг.

Останува да се види дали ќе следува санкција, ова е втор пат овој месец Осман Дембеле да се појави покасно од утврдениот термин.