24фудбал

11 од 14те позитивни на ковид-19 во Џенова се фудбалери, шест од нив играле против Наполи

Според италијанските медиуми, 11 од 14те позитивни случаи на ковид-19 во Џенова се фудбалери, утре ќе бидат направени нови тестирања, а ќе се проверуваат и играчите на Наполи.

Италија

Последните вести за позитивни случаи во Џенова можат да и донесат проблеми на македонската фудбалска репрезентација во пресрет не важниот меч против Косово.

Пандев засега е негативен, но утре повторно ќе бидат тестирани играчите на Џенова па не се исклучува можноста за нови позитивни случаи.

Според „Скај Спорт Италија“, 11 фудбалери на Џенова имаат коронавирус, од нив шест настапиле на мечот против Наполи.

Голема е веројатноста дуелот меѓу Џенова и Торино кој треба да се игра престојниот викенд да биде одложен.

Фудбалерите на Наполи кои играа против Џенова исто така одат во изолација, тие ќе бидат тестирани, а околу 70 минути на тој меч играше и нашиот Елиф Елмас.

Наполи престојниот викенд треба да игра дерби меч против Јувентус.