24фудбал

Клоп не ги прифати критиките на Рој Кин и влезе во жесток дуел со него

Фудбалскиот критичар на „Скај Спортс“ и поранешен играч на Манчестер јунајтед, рече дека Ливерпул имале невнимателни моменти во одбраната во победата над Арсенал, а тоа не му се допадна на Клоп.

Англија

Ливерпул со 3-1 го победи Арсенал и покажа дека е многу поквалитетен тим од топчиите во моментов. А по мечот Клоп и Кин имаа вербален дуел.

Дали г-дик Кин рече дека сме играле невнимателно вечерва?“ вели Клоп.

„Мислам дека тие имаа една или две шанси. Дали може да кажете дека сме одиграле невнимателно. Не сум сигурен дали убаво слушнав, но можеби тој зборувал за некој друг натпревар, сигурно не може да биде за овој. Извини, ама тоа е неверојатен опис за овој натпревар“.

„Одигравме исклучително. Од првата до последната минута доминиравме против тим кој игра во одлична форма, и требаше да бидеме и внимателни на контра напади“.

„Алисон имаше само една одбрана, тие имаа две топки кои не можевме да ги избегнеме, и ви треба добар голман за тоа, но фудбалот кој го одигравме беше исклучителен. Не може ништо лошо да се каже“.

Кин почна да се правда: „Реков дека имаше невнимателни моменти, но реков и дека твојот тим беше исклучителен. Не му дадов ништо друго, само комплименти и не сум сигурен дали точно ме слушна“.

Клоп: „Го слушнав зборот невнимателни, па мора да си гледал погрешен меч“.

Кин: „Треба да го слушнеш остатокот од изјавата“.

Клоп: „Сигурно ќе го слушнам“.

Откако заврши дискусијата Кин рече: „Многу е сензитивен нели? Замислете да загубеше“.