24фудбал

Артета: Не е крив Лаказет, сакам да ги гледам моите играчи вознемирени и лути кога ќе загубат меч

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е задоволен од перформансите на Александре Лаказет и покрај пропуштената голема шанса.

Англија

Арсенал поведе против Ливерпул, но потоа прими три гола и го загуби мечот со 3-1. Андре Лаказет кој го постигна единствениот гол за топчиите, имаше идеална шанса да изедначи на 2-2, но не ја искористи.

„Јасно е дека тој ја имаше најдобрата шанса на натпреварот за да израмни на 2-2 и повторно да не стави во силна позиција, но имаше одличен меч. Имаше уште едни фантастични перформанси па задоволен сум од него“, вели Артета.

Во 73. минута Лаказет беше изваден од игра, на клупата беше нервозен, си ја покри главата со дресот.


„Сакам да ги гледам моите играчи вознемирени и лути кога ќе загубиме натпревар“, изјави стратегот на Арсенал.

„Ова е навистина тешко место за гостување, тие се одличен тим. Бевме во игра речиси целиот натпревар“.