24фудбал

„Ако Рубен Диаш не функционира, Гвардиола ќе добие отказ од Сити“

Манчестер Сити наскоро ќе го комплетира трансферот на Рубен Диаш од Бенфика за кој ќе плати 71 милион евра, тие за дефанзивата во тимот потрошија речиси 500 милиони евра.

Англија

Бенфика потврди дека постигнале договор со Сити за трансфер на Диаш кој наскоро ќе стави потпис на договорот со англискиот клуб.

Откако Пеп Гвардиола пристигна во Манчестер Сити, тие потрошија 480 милиони евра на дефанзивци, но во неделата примија дури пет голови од Лестер.

Џејми Карагер смета дека ако и со Рубен Диаш не се подобри дефанзивата на Манчестер Сити и не ја освојат титулата во Премиерлигата, ќе заврши ерата на Гвардиола во овој клуб.

„Мислам дека со доаѓањето на Рубен Диаш притисокот дополнително се зголемува. Доколку не функционира и Манчестер Сити не ја освои титулата во Премиерлигата, тоа ќе биде крајот на Гвардиола во Сити. Во спротивно тие можеби ќе му го обноват договорот за уште неколку години“, вели Џејми Карагер.

„Тој се обидува да го замени Компани и вистината е дека никогаш не успеал да купи вистински централни дефанзивци. Дури и во Барселона. Тоа вообичаено е слабоста на неговите тимови“.