24фудбал

Барселона одбила неверојатни 150 милиони евра од Манчестер јунајтед за Фати?

Тинејџерот имаше маестрална партија во првиот меч за Каталонците во новата сезона од Примера, а медиумите пишуваат дека клубот и агентот на фудбалерот различно го толкуваат новиот договор со кој Фати е обврзан на верност до 2024. година.

Англија

Барселона одбила понуда од неверојатни 135 милиони фунти за големиот талент во својот состав, 17 годишниот Ансу Фати, кој полека но сигурно покажува знаци дека ќе биде од големо значење за каталонците на подолг рок.

Нов „случај Меси“ во Барса: Спорен е договорот на Ансу Фати, клубот и агентот различно го толкуваат

Понудата се верува дека пристигнала од Манчестер јунајтед, кои очајно се во потрага по засилување со крилен напаѓач, познато е дека подолг период се поврзуваа со Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, а сега и со Исмаила Сар од Вотфорд.

„Марка“ извести дека агентот на Фати, Жорж Мендеш им пренел на челниците на Барселона дека клуб испратил понуда за неговиот клиент во висина од 125 милиони евра, како и дополнителни 25 милиони евра во бонуси.

Но, во Барселона категорично ја одбиле понудата, па дури не сакале ниту да преговараат за својата млада ѕвезда, па иако Каталонците се во фаза на транзиција, Фати е еден од фудбалерите кои не е на продажба.

„Каталуња радио“ на оваа тема пренесе дека Манчестер јунајтед посакале да ја исплатат откупната клаузула на Фати, а потоа Барселона веќе ги известила дека истата сега изнесува 400 милиони евра според новиот договор кој може еднострано да се продолжи од Барселона.

Останува отворено прашањето дали Мендеш и неговиот клиент Фати ќе влезат во „клинч“ со управата на Барселона поради сево ова, односно дали за нив понудата од Манчестер јунајтед била понуда која не се одбива, а се шпекулира дека фудбалерот имал понуда од 10 милиони евра по сезона од страна на Премиерлигашот.