24фудбал

Никогаш не сме го виделе Лампард толку лут, сведочат од Челси по „војната“ помеѓу тренерот и Алонсо

Челси се спасуваше од пораз на гостувањето кај ВБА и се врати од неверојатни -3 негатива, меѓутоа вистинска драма се одвивала во соблекувалната на гостите за време на паузата.

Англија

Челси губеше 3-0 на полувремето кај ВБА во третото коло од Премиерлигата, за на крајот да извлече бод од тоа тешко гостување и да дојде до конечен резултат од 3-3, а медиумите на Островот известуваат дека вистинска драма се одвивала во соблекувалната на гостите по крајот на мечот.

Франк Лампард посебно го „подбрал“ Маркос Алонсо пред сите останати во тимот, а Шпанецот беше повлечен од игра уште по првото полувреме, но, тоа не е се, тоа што бекот го сторил потоа дополнително го налутил својот тренер.

Се верува дека Алонсо одбил да го проследи второто полувреме од пресметката, па наместо тоа се обидел да го напушти стадионот без никаква дозвола од својот тренер, и веднаш да се качи на клупскиот автобус.

Лампард беше толку лут како никогаш досега на Алонсо, тоа се случи пред целиот останат тим откако истиот доби пофалба поради одличниот кам-бек во второто полувреме“ пишува „Атлетик“.

Фудбалерите никогаш не го виделе својот тренер во едно вакво издание“ сведочи неименуван член во изјавата за медиумот.

Сезапочна по крајот на мечот, беше премногу лут на Алонсо, некои би биле навистина изненадени доколку повторно го видат да игра за Челси во иднина“ додава изворот.

29 годишниот Алонсо има активен договор со Челси со важност до 2023. година, изминатиот период се поврзуваше со трансфер во Интер, меѓутоа до тоа не дојде, а повеќе од веројатно е дека добива прилика за настап и натаму најмногу од причина што големото засилување Бен Чилвел е повреден.