24фудбал

Што значеше оваа реакција на Поусон по промашувањето на Лаказет? (ВИДЕО)

Една доста интересна реакција на главниот арбитар на дербито помеѓу Ливерпул и Арсенал која остана впечатлива за голем број љубители на фудбалот, некои се пошегуваа дека Поусон е навивач на „Топчиите“.

Англија

Арсенал загуби на гостувањето кај Ливерпул во третото коло од Премиерлигата со 3-1, иако „Топчиите“ први поведоа, на крајот останаа со празни раце од гостувањето на „Енфилд“, а сигурно дека избраниците на Микел Артета можеа повеќе од тоа.

Како и да е, иако го постигна водечкиот гол за гостите, Александре Лаказет потоа не се прослави во своите прилики кои му беа укажани одново да се запише во листата на стрелците, а особено впечатлива остана една голема шанса која ја „скроти“ голманот Алисон, веројатно на незадоволство кај главниот арбитар Крег Поусон кој имаше чудна реакција на ова промашување.

Некои брзо ја решија мистеријата околу оваа реакција на Поусон, бил навивач на Арсенал, секако низ шега по социјалните мрежи...