24фудбал

Тотнем пријавува интерес за Рудигер

Германскиот стопер не беше дел од составот на Челси во воведните три кола од новата сезона од Премиерлигата, а Тотнем е последниот клуб кој пријави интерес за неговите услуги.

Англија

27 годишниот дефанзивец од редовите на Челси, Антонио Рудигер беше изоставен за почетните три кола во новата сезона од Премиерлигата од страна на својот тренер Франк Лампард, а се чини дека тој е на излезна врата од „Стемфорд бриџ“.

Вест Хем и ПСЖ се клубовите кои претходно изразија желба да го доведат во своите редови Германецот, меѓутоа на едногодишна позајмица со можност и за целосен откуп на неговиот договор, сега интерес за неговите услуги пријавува и Тотнем.

Според пишувањата на „Скај Спортс“, се вели дека од Тотнем одблизу ја мониторираат ситуацијата со Рудигер кој очајно ќе му биде потребна минутажа за да биде дел од селекцијата на „Панцирите“ за Европското првенство идната година.

Последниот настап на Рудигер во дресот на Челси беше во финалето од ФА купот во поразот од Арсенал со 2-1 во август, а и покрај тоа што во голема мера му помогна на клубот да ги добие неговите сонародници Тимо Вернер и Каи Хаверц, во целост го загуби првотимскиот статус под кормилото на Лампард.

Фактот што Рудигер има договор со Челси до 2022. година, а повеќе од веројатно е дека клубот нема да му понуди нов, говори и повеќе од што е потребно дека Германецот би можел да си замине до крајот на преодниот рок.