24фудбал

Етникос Ахна има 16 позитивни на коронавирус, меѓу нив и Батинов и Костовски

Хаос во кипарскиот клуб Етникос Ахна, повеќе од половина тим се позитивни на ковид-19 а меѓу нив и двајцата македонски фудбалери.

Македонија

Етникос Ахна објави дека има 16 членови позитивни на коронавирус, меѓу нив се и нашите Мартин Богатинов и Јован Костовски.

Богатинов беше дел од репрезентацијата на Македонија за последните два меча од Лигата на нации против Ерменија и Грузија.

Поради коронавирусот тој нема да може да биде дел од составот на Македонија против Косово, меч кој ќе се одигра на 8 октомври.