24фудбал

На Атлетико му пораснаа апетитите: Ако Меси сака... кога се има желба, се е можно

Првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо не ја отфрла можноста Лео Меси да пристигне на „Ванда Метрополитано“ и одново да игра покрај својот добар пријател Луис Суарез.

Шпанија

По шест години поминати на Камп Ноу, Луис Суарез минатата недела си замина од Барселона и потпиша за Атлетико Мадрид.

Лео Меси веднаш ја нападна управата на Барселона за начинот на кој се разделиле со популарниот „Ел Пистолеро“, кој е третиот најдобар стрелец во историјата на клубот

Аргентинецот, кој побара ова лето да замине но неговиот обид беше блокиран, има неизвесна иднина и договор до јуни 2021 година. Се чини дека со ова раководство тој нема шанси да остане, но работите можат да се променат по изборите во март.

Во следниот период сигурно ќе има многу шпекулации, а Атлетико Мадрид веќе ја отвори вратата за Лео Меси.

„Во животот, ако сакате нешто... Ако Лео Меси сака да игра со Луис Суарез... кога се има желба, се е можно“ – вели претседателот Енрике Серезо.