24фудбал

Ливерпул потврди, Тиаго Алкантара има коронавирус

Новото засилување на Ливерпул, Тиаго Алкантара е позитивен на ковид-19 и е во самоизолација, потврдија од клубот.

Англија

Тиаго Алкантара дебитираше во Премиерлигата на дуелот со Челси кога го одигра второто полувреме од овој меч, но го пропушти вчерашниот натпревар против Арсенал.

Нејасно беше зошто Алкантара не е во комбинација за настап со Арсенал, но сега е појасно, фудбалерот е позитивен на коронавирус.

„Тиаго Алкантара е тестиран позитивен на ковид-19 и во моментов е во самоизолација според протоколот. КЛубот ќе продолжи да ги следи сите протоколи поврзани со ковид-19 и Тиаго ќе остане во самоизолација во потребниот период“, стои во соопштението на Ливерпул.