24фудбал

Лампард објасни зошто Вернер не шутираше пенал

Челси загуби од Тотнем на пенали и доживеа елиминација од англискиот Лига Куп, чудно беше што Тимо Вернер не шутираше во пенал серијата.

Англија

Со гол на Вернер, Челси поведе со 1-0 против Тотнем, но мечот заврши 1-1, па пеналите го решаваа победникот.

Беше природно Тимо Вернер да биде еден од изведувачите на Челси, но него го немаше меѓу оние кои шутираа.

Лапмпард откри дека Вернер имал некои грчеви поради кои одбил да шутира.

„Бевме изморени на крајот што е разбирливо. Тимо Вернер имаше некои грчеви на крајот па одби да изведе пенал“, отркива Лампард.

„Во пенал сериите се може да се случи, сакате да останете во овие натпреварувања се разбира, но сакаат и другите“.

„Доминиравме во првото полувреме, но потоа натпреварот се промени. Среќен сум со одредени делови од мечот“.

„Тие ја сменија тактиката во вториот дел, исчезна нашиот притисок кој го правевме, мора да поправиме некои делови од играта, можевме да реагираме подобро“.