24фудбал

Гаф или најава за нешто големо? Манчестер Сити им нуди на фановите потпишани дресови од Кулибали! (ФОТО)

Манчестер Сити подолг период се поврзува со стоперот, меѓутоа никако не успева да се договори со Наполи, од таму за услугите на својот фудбалер бараат 80 милиони евра.

Англија

Тимот за социјални медиуми на Манчестер Сити направи невиден гаф откако на официјалниот клупски сајт најпрво известија за новото засилување Рубен Диаш од Бенфика за 64 милиони фунти, а нешто подолу има огромна грешка.

Граѓани, ново засилување – добијте потпишан дрес од Калиду Кулибали“ стоеше во објавата на сајтот на Премиерлигашот, за потоа истата да биде корегирана, но, како и да е, брзо беше согледана од страна на навивачите, а воедно и медиумите.


Многумина се сомневаат дека таквата објава наликува дека во Манчестер Сити се веќе подготвени за трансферот на Кулубали од Наполи, дефанзивец кој подолг период се поврзува со „Граѓаните“.

Инаку, кога сме веќе кај гафовите на Манчестер Сити во однос на презентацијата на Диаш, дресовите не беа единствена „грешка“, од клубот дури им укажаа можност на навивачите наместо до Диаш, да постават прашања до Кулибали...