24фудбал

Фулам не сака да се посрамоти во Премиерлигата, влезе во игра за потписот на Шкринијар

Веројатно добрите познавачи на островскиот фудбал се сеќаваат на сезоната 2018/19 кога за првпат новајлија во елитното фудбалско друштво потроши цели 100 милиони фунти за засилувања, но тоа заврши катастрофално со враќање назад во Чемпионшип дивизијата.

Англија

Фулам полека но сигурно се издвојува од останатите во Премиерлигата откако во три кола не само што не успеа да запише ниту еден освоен бод, туку и прими десет гола во сопствената мрежа, а постигна само три, за моментално најлоша гол разлика во елитното друштво.

И повеќе од веројатно е дека е вклучен алармот во екипата од „Кревин котиџ“, па така тренерот Скот Паркер веднаш издејствува со голема желба на трансфер пазарот, и тоа, ни помалку, ни повеќе, туку еден од најбараните, Милан Шкринијар од Интер.

„Сан“ пишува дека во Фулам се надеваат дека ќе ја добијат битката со градскиот ривал од Лондон, Тотнем за потписот на Словакот, а се верува дека „Спарси“ подготвуваат понуда помеѓу 30 или 35 милиони фунти за стоперот.

Од Интер пак, за својот фудбалер од поодамна поставија цена од околу 45 милиони фунти, а доколку од Фулам добро издејствуваат на ова поле, би можеле со сигурност да го срушат клупскиот рекорд за трансфери по оној на Жан Мишер Сери кој беше доведен за 27 милиони фунти од Ница.