24фудбал

Астон Вила се засили со Баркли

Привремениот репрезентативец на Англија во Астон Вила дефинитивно ќе има повеќе минутажа и поголема можност за докажување со оглед на огромната конкуренција во Челси.

Англија

Астон Вила ја комплетираше едногодишната позајмица на фудбалерот од средниот ред на Челси, Рос Баркли, кој доаѓа на „Вила парк“ откако не успеа да се наметне при големата конкуренција во тимот од Лондон.

Како што е познато, Франк Лампард има повеќе опции во средниот ред, а приоритетни се секако Каи Хаверц, Мејсон Маунт, Калум Хадсон-Одои, Кристијан Пулишиќ, односно Хаким Зијеш, па така Баркли беше принуден да пронајде нова средина во новата сезона, а Рубен Лофтус-Чик исто така би можел да замине на позајмица во деновите кои претстојат.

Со ова, 26 годишниот Баркли стана четвртото засилување на Астон Вила во новата сезона, по Оли Воткинс, Бертранд Траоре, Емилијано Мартинез и Мети Кеш.

Астон Вила на одличен начин ја почна новата сезона во Премиерлигата, лани се спасуваше до последен момент да опстане, а сега по два меча запиша исто толку и победи, односно против Фулам и Шефилд Јунајтед.

Баркли за Челси одигра 52 натпревари на кои постигна 4 погодоци, има важечки договор со тој клуб до 2023. година.