24фудбал

Објавена спорната снимка поради која Нејмар може да добие 10 натпревари суспензија (ВИДЕО)

Кадена СЕР го објави видеото поради кое Нејмар може да не игра до крајот на годината, Бразилецот упатува расистички навреди кон Јапонецот Хироки Сакаи од Марсеј и го нарекува „кинеско го*но“.

Франција

Дисциплинската комисија при ЛФП денеска ќе го разгледува кошкањето помеѓу Нејмар и Алваро Гонзалез на дербито помеѓу ПСЖ и Марсеј. Дефанзивецот на Марсеј наводно упатил расистички навреди на адреса на напаѓачот, додека пак Бразилецот е на тапет за хомофобија.

Сепак, Нејмар може да има дополнителни проблеми бидејќи и тој користиле расистички навреди.

Во еден друг инцидент, фудбалерот на ПСЖ е во дуел со Јапонецот Хироки Сакаи, и го нарекува „кинеско го*но“.

Кадена СЕР ја објави спорната снимка, и кои зборови ги употребува Нејмар според она што го тврдат експерите за читање од уста. Дали ова ќе биде доволно за драконска казна од 10 натпревари суспензија, останува да се види.