24фудбал

Роналдо го купува Стефан Ристовски?

Клубот на Луис Назарио де Лима Роналдо, Ваљадолид е заинтересиран за Стефан Ристовски кој е во немилост на тренерот на Спортинг Лисабон и се очекува овие денови да го напушти португалскиот клуб.

Шпанија

Ваљадолид е во потрага по десен бек, а според дел од шпанските медиуми една од целите е Стефан Ристовски.

Македонскиот фудбалер тренира сам, тој е одвоен од тимот по барање на тренерот Алмирон кој влезе во војна со Ристовски откако го изостави за претходните мечеви со изговор дека не се залагал на тренинзите.

Преодниот рок трае до понеделник, па во наредните неколку дена ќе се знае дали Ристовски ќе заигра во Примера.