Категорија: Шпанија 30.09.2020 16:14
Откако пристигна во Реал Мадрид, Азар никако да врзе континуитет на натпревари, Белгиецот сега има нова повреда.
„По направените тестови денеска врз нашиот фудбалер Еден Азар од страна на медицинскиот тим на Реал Мадрид, дијагностицирана е мускулна повреда на неговата десна нога“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Се прогнозира дека Азар ќе биде надвор од теренот од три до четири недели.
Ел Класико мечот против Барселона се игра на 25 октомври, што го прави неизвесен неговиот настап за овој голем дуел.