24фудбал

Стигнаа добри вести и од Неапол, Елмас е негативен на ковид-19

Наполи соопшти дека сите тестови на ковид-19 им се негативни, тоа значи дека Елиф Елмас ќе може да настапи на мечот меѓу Македонија и Косово.

Италија

Џенова која има 14 позитивни случаи на коронавирус беше последниот противник на Наполи во Серија А, па се стравуваше дека и меѓу Наполитанците може да има заразени играчи.

Денеска тие ги добија резултатите, сите се негативни.  Во текот на утрешниот ден ќе имаат уште една рунда на тестови пред да биде одлучено дали ќе го играат мечот со Јувентус.

Иако утре има ново тестирање, негативните резултати на првите тестови се добри вести за македонската репрезентација, бидејќи Ангеловски ќе го има Елмас на располагање.

Утринава Џенова информираше дека нема нови заразени од ковид-19, а тоа значи дека и Пандев ќе го игра мечот со Косово.