24фудбал

Каран се врати на клупата на Шкупи

Шкупи потврди дека наследник на Бајрами кој доби отказ, е Умит Каран кој и претходно беше тренер на тимот од Чаир.

Македонија

Умит Каран е старо новиот тренер на Шкупи, клубот денеска потврди дека тој е наследникот на Бајрами.

„По отказот на Бајрами, улогата на тренер од денеска ја презема нашиот поранешен тренер Умит Каран кој веднаш ќе почне да работи со тимот“, стои во соопштението на Шкупи.