24фудбал

Аталанта му даде четири гола на Лацио во Рим и убедливо го победи (ВИДЕО)

Аталанта имаше импресивна партија во дербито против Лацио, победи со 4-1 на Олимпико против еден од конкурентите за висок пласман во Серија А.

Италија

Тимот на Гасперини уште еднаш ја импресионираше фудбалската сцена откако му даде четири гола на Лацио и тоа на негов терен.

Госенс ја отвори серијата погодоци уште во десетата минута, а до крајот на првото полувреме богодија и Хатебур и Гомез за убедливо водство од 3-0.

По 12 минути игра во второто полувреме Каиседо донесе надеж за Лацио, но само четири минути подоцна Гомез со својот втор гол на мечот ги постави конечните 4-1.