24фудбал

Винициус му донесе победа на Реал Мадрид против Ваљадолид, кралот добро се испоти за да ги освои трите бода (ВИДЕО)

Реал Мадрид со минимални 1-0 го победи Ваљадолид, Жуниор Винициус кој влезе во текот на второто полувреме беше херојот на кралскиот клуб на овој меч.

Шпанија

По лошото прво полувреме во кое речиси и да немаше шанси, Реал Мадрид тргна многу поодлучно кон голот на Ваљадолид во текот на вториот дел.

Во 58. минута Зидан направи тројна измена, од игра ги извади Јовиќ, Иско и Одриозола, а ги внесе Карвахал, Асенсио и Жуниор Винициус и тоа се покажа како одличен потег.

Само седум минути подоцна Винициус постигна погодок кој беше и единствен на натпреварот, Реал Мадрид победи со 1-0.

Брзо по примениот гол Ваљадолид можеше да израмни, но Куртоа имаше фантастична интервенција.

Реал Мадрид можеше да даде уште некој гол во финишот, но Лука Модриќ и Жуниор Винициус не реализираа убави шанси.