24фудбал

Го видовте ли чудниот гол на Кимих, погоди лежејќи! (ВИДЕО)

Кимих во финишот од натпреварот му донесе победа на Баерн Минхен од 3-2 против Борусија Дортмунд, а голот кој го постигна е за посебен муабет.

Германија

Баерн Минхен го освои германскиот Супер Куп, одлучувачки за победата беше голот на Кимих. Играчот на Баварците можеби случајно, а можеби не, лежејќи постигна гол. Погодок каков што ретко се гледа.