24фудбал

Барселона го потврди Дест, го купи за 21+5 милиони евра и го заштити со откупна клаузула од 400 милиони

Барселона го потврди трансферот на Сержињо Дест, 21 годишниот десен бек пристигнува од Ајакс за 21+5 милиони евра, Американецот со холандски пасош ќе стави потпис на петгодишен договор со откупна клаузула од 400 милиони евра.

Шпанија

Сержињо Дест е првото засилување за Роналд Куман. Зделката се реализираше откако Нелсон Семедо беше продаден на Вулверхемптон, па Барселона доби финансиски средства да го претекне Баерн Минхен во трката за десниот бек.

Откако се испеглаа сите детали и играчот ги помина лекарските прегледи, „каталонците“ попладнево го потврдија трансферт.

Сержињо Дест се сели на Камп Ноу за 21 милион евра, плус додатни 5 милиони евра во бонус. Американецот со холандски пасош ќе стави потпис на петгодишен договор со откупна клаузула од 400 милиони евра.