24фудбал

Динамо Загреб со два гола на Адеми се пласира во групната фаза од Лига Европа, таму ќе игра и Црвена звезда (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми беше главен играч на Динамо Загреб во победата од 3-1 над Флора која ги однесе во групната фаза од Лига Европа, Црвена звезда со 2-1 славеше на гостувањето кај Арарат.

Лига Европа

Динамо Загреб поведе уште во 11. минута со гол на Гаврановиќ, 15 минути подоцна Адеми го зголеми водството на 2-0.

Во 65. минута Флора преку Синиавски се врати во игра, но Адеми на три минути пред крајот ги реши сите дилеми околу победникот поставувајќи ги конечните 3-1.

Пласман во групната фаза од Лига Европа обезбеди и Црвена звезда која со 2-1 победи на гостувањето кај Арарат од Ерменија.

Катаи пред самиот крај на првото полувреме донесе водство за српскиот тим, Фалчинели во 60. зголеми на 2-0, а до крајот на мечот Арарат преку Лима успеа само да намали на 2-1.