24фудбал

Во Манчестер јунајтед загрижени поради зависноста од Фернандеш

Бруно Фернандеш внесе голема свежина во составот на Манчестер јунајтед, брзо се адаптираше и покажа лидерски способности на теренот во натпреварите за „Црвените ѓаволи“, меѓутоа, во клубот имаат дилеми по две прашања за Португалецот.

Англија

Во Манчестер јунајтед наводно се загрижени околу физичкиот и менталниот импакт околу фудбалерот од средниот ред, Бруно Фернандеш, кој за брзо време покажа големи лидерски способности на теренот за време на натпреварите на „Црвените ѓаволи“.

Португалецот на „Олд трафорд“ пристигна во јануарскиот преоден рок, брзо се адаптираше и постигна осум погодоци, на кои придодаде и седум асистенции во неговите 14 натпревари, а таквите негови перформанси придонесоа Манчестер јунајтед ланската сезона во Премиерлигата да ја заврши на третото место на табелата.

Како и да е, весникот „Ожого“ пишува дека и покрај фактот што Португалецот почна и повеќе од солидно во новата сезона, каде запиша два гола и една асистенција во два меча, во Манчестер јунајтед се загрижени поради веројатноста од зависност од играта на Фернандеш.

Португалскиот медиум додава дека поаѓајќи од таа причина, во Манчестер јунајтед презеле брзи потези во изминатиот преоден рок да доведат неколку фудбалери како засилување во составот кој се чини во голем обем зависи од расположеноста на Фернандеш за време на натпреварите.

Се верува дека Единсон Кавани и особено Алекс Телеш се фудбалерите кои во Манчестер јунајтед сметаат дека ќе донесат олеснителна околност во играта на Фернандеш, тука е секако и Ван де Бек како алтернативна опција, а во клубот од „Олд трафорд“ наводно дополнително се загрижени поради ситуацијата со Оле Гунар Солшер, особено по шокантниот пораз на свој терен од Тотнем со 1-6, што сигурно нема да помогне во ситуацијата со Фернандеш.