24фудбал

Тер Штеген добива богата награда од Барселона во новиот договор

„Спорт“ пренесе дека договорот бил мошне тежок за да се финализира, со оглед на големите барања на голманот, меѓутоа се верува дека се’ што се чека во моментов е само официјализација на истиот.

Шпанија

Не е тајна дека Марк-Андре тер Штеген е еден од најдобрите голмани во светот на фудбалот, а медиумите изминатиов период веќе известија дека Германецот се согласил на нов договор со Барселона со кој се обврзал на верност до 2025. година со Каталонците.

Како и да е, официјализацијата допрва треба да се случи, а дотогаш ќе се шпекулира секако и за условите во новиот договор, по кој Германецот би имал навистина богато зголемување на платата.

Шпекулациите претходно велеа дека Тер Штеген во преговорите првично барал 24 милиони евра од сезона, што би го направило најскапо платен голман, односно би добил втор на листата на најбогати договори во клубот зад Лионел Меси.

Сепак, со оглед на големата финансиска криза која ја „покоси“ клубот од Камп Ноу арената, дури и во вакви услови се верува дека обете страни се договориле за годишна плата од цели 18 милиони евра за првиот чувар на мрежата, што е за 13 милиони евра повеќе во однос на неговата моментална плата.

Тер Штеген претходно се поврзуваше со Јувентус и Баерн Минхен, меѓутоа, по последните информации околу неговата иднина, се чини дека ќе се стави крај на сите неизвесности околу неговиот статус.