24фудбал

Го фатија Наполи во лага, еве зошто Јувентус доби службена победа од 3-0

Јувентус доби службена победа од 3-0 на зелена маса, Наполи дополнително е казнет со еден одземен бод, дисциплинската комисија при Серија А се реши на еден ваков чекор откако ги фати „наполитанците“ во лага.

Италија

По речиси десет дена детална истрага, денеска е донесена одлука со која Јувентус доби службена победа од 3-0 против Наполи за мечот кој не се одигра на 4. октомври. Гостите исто така се казнети и со одземање на еден бод.

Судијата кој беше задолжен за целиот случај составил документ на седум страни во кој е направена реконструкција на случувањата и зошто Наполи не отпатувал во Торино.

„Наполитанците“ се правдаа дека добиле забрана од локалните здравствени власти да патуваат поради позитивните случаи на Пјотр Зелински и Елиф Елмас.

Но судијата не гледа така на работите. Тој смета дека Наполи „се откажал од играње“ многу порано. Наполи го откажал чартер летот и хотелските соби во саботата вечерта, а одлуката на АСЛ со која јасно се наведува дека експедицијата на Наполи не смее да патува пристигнала дури во недела во 14:13 часот.

Судијата исто така верува дека нема услови за да се примени членот од правилникот според кој Наполи не можел да се појави на мечот поради „виша сила“.