24фудбал

Вајс: Пандев е класа играч, како одигра денеска...

Селекторот на Грузија, Владимир Вајс жали што неговата селекција на ги освои трите бода во Скопје, тој особено ја истакна играта на Горан Пандев.

Македонија

Грузија беше пред победа во Скопје, но Македонија дојде до реми благодарение на гол на Алиоски од пенал во судиското продолжение.

„Не сум среќен, Македонија имаше играч помалку и ни даде гол. Голот беше од пенал кој не сакам да го коментирам. Но мислам дека можевме да постигнеме уште неколку гола претходно, имавме шанси. Не можам да кажам ништо за мечот кој ќе се игра следниот месец, но сигурно ќе биде емотивен како и овој“, вели селекторот Вајт.

„По еден месец ќе биде поинаку, ќе се вратат некои играчи и во двете селекции. Шансите ќе бидат 50-50, но треба да видиме и каква ќе биде ситуацијата со коронавирусот, дали ќе има публика“.

„Морам да кажам дека сум импресиониран од Пандев како го одигра целиот натпревар. Тој е еден фантастичен фудбалер и заслужува секоја пофалба. На негови години како игра, како ја брани топката, како ја движи... тој е многу важен играч за Македонија“.