24фудбал

Депај во јануари се сели во Барселона

26 годишниот холандски офанзивец се чини дека во јануарскиот преоден рок и дефинитивно ќе се пресели на „Камп ноу“, трансфер кој се најавуваше уште во изминатиот преоден рок.

Шпанија

Финансиската криза која ја зафати Барселона поради пандемијата со коронавирусот е веќе позната, а токму таа причина се наведува како главна поради повлекувањето од трката за потписот на Мемфис Депај од Лион.

Холанѓанецот има активен договор со францускиот прволигаш до идното лето, а тој уште во јануарскиот преоден рок ќе може да преговара со заинтересираните страни за неговите услуги, а се шпекулира дека уште тогаш би можел да се пресели во Барселона.

Како што пишува „Спорт“, Барселона го посакува Депај уште во јануарскиот преоден рок, Французинот очајно посакува трансфер на „Камп ноу“, а Лион сигурно ќе биде и повеќе од среќен да извлече некоја сума од негова продажба пред да го загуби како слободен играч на трансфер пазарот идното лето.

„Спорт“ наведува дека сите страни од оваа зделка во најава се расположени за договор, па така навестува дека Барселона уште во јануари може да го добие Депај, а се верува дека Роналд Куман ќе му го даде бројот „9“ на својот сонародник кого би го користел и како крилен напаѓач.