24фудбал

Куман: Меси повеќе се заморува кога не игра

Тренерот на Барселона, Роналд Куман вели дека не планира да го одмори Меси во наредните натпревари иако Аргентинецот имаше напорни мечеви и со својата репрезентација.

Шпанија

Барселона за 21 ден треба да одигра седум натпревари, па некои медиуми прогнозираа дека Куман ќе го одмори Меси на престојниот дуел со Хетафе.

Пред Барса се и три меча од Лигата на шампионите меѓу кои и дуел со Јувентус, а треба да се игра и Ел Класико дуелот против Реал Мадрид.

Но, Куман нема намера да го одмора Меси, вели дека тој повеќе се заморува кога не игра.

„Меси ќе игра во наредните натпревари, тој е од оние фудбалери кои мора да играат, повеќе се заморува кога не игра“, вели Куман.