24фудбал

Фудбалер на Лос Анџелес ќе игра за Македонија

24-годишниот напаѓач на тимот од МЛС, Лос Анџелес, Даниел Мусовски прифати да игра за македонската фудбалска репрезентација, тој ќе биде повикан за ноемвриските натпревари.

Македонија

Фудбалерот со македонско потекло кој настапува во една од најдобрите екипи во МЛС, Лос Анџелес, Даниел Мусовски ќе биде нов играч на Македонија.

Селекторот Ангеловски добил потврден одговор од Мусовски и ќе го повика за ноемвриските натпревари.

„Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција“, изјави Игор Ангеловски за официјалниот сајт на ФФМ.

Дени Мусовски има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада (САД) на 30. ноември 1995 година. 

Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.

Мусовски пред извесен период беше и МВП на колото во американската МЛС лига.