24фудбал

Шкендија му даде пет гола на Вардар во Скопје

Шкендија со убедливи 5-1 го победи Вардар на Арената „Тодор Проески“ и ја продолжи успешната серијата против ривалот која ја има во последните години.

Македонија

Вардар доживеа дебакл на свој терен од Шкендија и покрај тоа што прв даде гол на натпреварот.

Домаќинот дојде во водство уште во 12. минута со гол на Јован Попзлатанов, но на одморот се замина со предност на Шкендија, откако Рамадани три минути подоцна изедначи на 1-1, а на пет минути до крајот на првиот дел Ахмеди погоди за пресврт.

По 15 минути игра во вториот дел Ибраими погоди за 3-1, веќе беше јасно кој ќе биде победникот. До крајот на мечот Тотре зголеми на 4-1, а Ахмеди од пенал ги постави конечните 5-1.

Фото: ФК Шкендија