24фудбал

Вернер и Хаверц проработеа, но одбраната на Челси имаше очаен ден (ВИДЕО)

Уште еден супер ефикасен меч во Премиерлигата, Челси и Саутемптон одиграа 3-3, дуото од Бундеслигата Вернер и Хаверц почна да биде ефикасно, но одбраната на сините беше на подпросечно ниво.

Англија

Челси фрли доста пари во преодниот рок, но се засилуваше претежно во офанзивата иако им беше потребен и централен дефанзивец, сега тоа се покажува како проблем за тимот на Лампард.

Сините одлично го почнаа мечот, по убав паз на Чилвел, Вернер во 15. минута даде гол, тој погоди и 13 минути подоцна за водство од 2-0.

Пред крајот на првото полувреме Хаверц изгуби една топка во средината на теренот, Саутемптон казни, Ингс погоди и намали на 2-1.

Во 57. минута катастрофална грешка на одбраната на Челси, Зума врати една топка до Кепа кој ја промаши, следуваше мешаница пред неговиот гол каде најдобро се снајде Адамс за израмнување на 2-2.

Но, само две минути подоцна Вернер асистира до Хаверц кој постигнува гол и го враќа водството на Челси од 3-2.

Кога се очекуваше дека Челси ќе победи, Волкот шутираше, Вестергард ја удри топката со глава и погоди за конечни 3-3. Уште една лоша интервенција во одбраната на домаќините.