24фудбал

Кадиз го шокираше Реал Мадрид, кралот е поразен на свој терен (ВИДЕО)

Реал Мадрид загуби на свој терен од Кадиз со 1-0, фудбалерите на Зинедин Зидан не беа доволно добри за да го победат новиот учесник во Примера.

Шпанија

Кадиз има одличен старт на сезоната, а импресионираше и денеска кај најголемиот фаворит за трофејот, Реал Мадрид. Гостите особено блескаа во првиот половина час од мечот.

Натпреварот беше решен во 16. минута кога Негредо спушти една топка до Лозано, а тој ја смести во мрежата на Куртоа за водство на Кадиз од 1-0 кое значеше и победа.

Колку лош беше Реал Мадрид во првиот дел говори фактот дека Зинедин Зидан направи дури четири замени на полувремето.

Но, ниту тоа не беше доволно. Во финишот од мечот Бензема имаше добра шанса, биеше од далечина, но ја погоди пречката од голот на Кадиз.