24фудбал

Среќата му го сврте грбот на Јуве, стативата и ВАР им откинаа два бода (ВИДЕО)

Јувентус одигра само 1-1 на гостувањето кај Кротоне, шампионот на Италија и со играч помалку беше на добар пат да победи, но ВАР им поништи гол за милиметарски офсајд.

Италија

„Старата дама“ испушти два бода на гостувањето кај Кротоне, избраниците на Андреа Пирло одиграа само 1-1 кај новајлијата.

Домаќините поведоа во 12. минута, Сими погоди од белата точка за 1-0. Десетина минути подоцна, Јувентус изедначи. По еден брз против напад, Киеза му асистираше на Мората за 1-1.

Гостите останаа со играч помалку откако по еден час игра Киеза задоцни со еден старт и нагазна противнички играч, па судијата извади црвен картон.

Но и во таква ситуација, Јувентус креираше шанси за гол. Мората најпрво ја погоди стативата а потоа и ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен со ВАР поради милиметарски офсајд.