24фудбал

Дибала се изнервира дека не играл, Пирло му објасни зошто е тоа така

Пауло Дибала остана на клупата за резервни играчи на мечот против Кротоне каде Јувентус одигра само 1-1, по мечот беше нервозен дека не влезе во игра, па Пирло објасни зошто немаше минути за Аргентинецот.

Италија

Дибала се загреваше крај аут линијата, но не влезе во игра. По последниот свиреж на судијата, нервозниот Аргентинец влезе во дуел со директорот Дабио Паратичи и гласно го праша зошто не игра.

На прес конференцијата по мечот Пирло му одговори зошто не влезе во игра.

„Пирло треба да се смири и да чека, што е негово ќе си дојде. Во петокот тренираше само десет минути, бидејќи со здравствени проблеми се врати од репрезентативниот собир. Плус останавме со играч помалку и не ни беше потребен таков играч“, објасни Пирло.