24фудбал

Брајтон се засили со Велбек

Искусниот напаѓач продолжува во составот на Брајтон, а со тоа и во новата сезона ќе биде дел од елитната англиска Премиерлига, откако претходно испадна во понизок ранг со Вотфорд.

Англија

Брајтон го комплетираше ангажманот на слободниот играч на трансфер пазарот, Дани Велбек чиј договор со Вотфорд претходниот месец беше раскинат со двостран договор од обете страни.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Арсенал, 29 годишниот Велбек стави потпис на едногодишен договор со клубот од „Амекс“ арената, па така и во новата сезона ќе биде дел од Премиерлигата, каде лани постигна само три гола во 20 настапи.

Велбек претходно во Вотфорд имаше неделна плата од 100,000 фунти, сума која од клубот јасно наведоа дека веќе не се во можност да ја издвојуваат за него, но, барем засега не е познато колку ќе заработува поранешниот англиски репрезентативец во Брајтон.