24фудбал

Дибала лајкна една објава за одлуката на Пирло да го изостави, па брзо се попишмани (ФОТО)

Бранителот на титулата во италијанската Серија А, екипата на Јувентус киксна на гостувањето кај Кротоне играјќи само 1-1, а Андреа Пирло одлучи да не му укаже прилика за настап на Пауло Дибала.

Италија

И повеќе од јасно е дека Пауло Дибала беше револтиран од одлуката на Пирло да не му даде прилика за настап синоќа на гостувањето кај Кротоне, а шефот на стручниот штаб на „Старата дама“ по мечот се правдаше дека Аргентинецот треба да се смири, а неговото време ќе си дојде.

Како и да е, ѕвездата на Јувентус откако побара објаснување лично од директорот Фабио Паратичи за причините зошто не игра, не мируваше ниту на социјалните мрежи, па јасно е дека ситуацијата со него не е баш добра во клубот.

На Дибала му се допадна една објава во која одлуката на Пирло да не му укаже прилика за настап се наведува како погрешна, меѓутоа брзо потоа Аргентинецот го реактивираше тој потег на социјалните мрежи, меѓутоа истиот брзо беше регистриран од јавноста.