24фудбал

Ибрахимовиќ сака нов договор со Милан, планира да игра и на 40 години

Златан Ибрахимовиќ сака и следната сезона да игра за Милан, наскоро се очекува неговиот агент Мино Рајола да почне преговори со раководството на клубот.

Италија

39-годишниот Ибрахимовиќ во август потпиша нов едногодишен договор со Милан, но според „Кориере дело Сера“, тој сака и следната сезона да игра за росонерите иако ќе има 40 години.

Шведскиот фудбалер му даде два гола на Интер во големото градско дерби и донесе победа за Милан.

И покрај возраста тој е клучен играч за росонерите, не само на теренот туку и во соблекувалната и на тренинзите.

Дека ќе се работи на продолжување на договорот на Ибрахимовиќ, но и на Донарума и Чалханоглу, потврди и тренерот Пиоли.

„Мислам дека Малдини, Газидис и Масара работат на ситуацијата. Донарума, Чалханоглу и Златан се многу важни, клубот го знае тоа и има планирано состаноци на оваа тема“, вели Пиоли.