24фудбал

Куман ја критикува играта на Меси: Може и подобро

Тренерот на Барселона, Роналд Куман вели дека перформансите на Меси во моментов не се добри колку што можат да бидат, но вели дека Аргентинецот е среќен.

Шпанија

Меси имаше тешко лето со Барселона откако клубот не го пушти да замине, па нејасно беше во каква форма ќе продолжи да ја игра последната сезона од договорот.

Куман не е задоволен од игрите на Меси, вели дека тој може и подобро.

„Перформансите на Меси може да бидат подобри од тоа што го игра во моментов, но тој е среќен, сака капитенски да го предводи тимот и напредува. Во последниот меч ја погоди и стативата, немаше среќа. Не се сомневам во неговите перформанси и ќе видиме што ќе се случи во следните натпревари“, вели Куман.