24фудбал

Марио Ѓуровски на 34-години стана прв тренер на Муангтонг јунајтед

Поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски е промовиран во прв тренер на Муангтонг јунајтед, клубот за кој претходно настапуваше како фудбалер.

Македонија

34-годишниот Ѓуровски минатата година ја заврши фудбалската кариера и почна со тренерската работа, тогаш го презеде Б тимот на Муангтонг јунајтед.

Тајландскиот тим незадоволен од ефектот на бразилскиот тренер Александре Гама, му врачи отказ него и за прв тренер го назначи нашиот Ѓуровски.

Марио Ѓуровски кој како играч настапи на 12 меча за Македонија, во Муангтонг стана шампион и најдобар играч во лигата, ужива голем статус во овој клуб, па и очекувањата од него како тренер се големи.