24фудбал

На Камп Ноу дојде со ќеса од супермаркет, даде гол во ЛШ и си замина со такси! (ВИДЕО)

Големата надеж на Барселона, талентираниот Педри имаше уникатна вечер во Лигата на шампионите, 17-годишниот фудбалер и покрај тоа што е во првиот тим на еден од најголемиот клубови во светот, засега живее многу приземјено.

Лига на Шампиони

Барселона со убедливи 5-1 го победи Ференцварош, а ова беше посебен натпревар за младиот Педри кој го постигна својот прв гол за сениорскиот тим на каталонците.

Во игра влезе во 63. минута на местото од Ансу Фати, и погоди на десетина минути пред крајот на мечот.

Педри на Камп Ноу пристигна со ќеса од супермаркет, а си замина со такси. Многумина негови врсници во ваквите моменти летаат во облаци и се трудат да ги имитираат своите многу побогати колеги, но Педри покажа исклучителна скромност.

Оваа сезона од вкупно десет натпревари колку што имаше Барса во сите натпреварувања, тој имаше минути на дури девет. Настапи и во Скопје за младата репрезентација на Шпанија против Македонија.