24фудбал

Отказ? Солшер направи нешто што не му успеало на ниту еден друг тренер на Манчестер јунајтед во историјата

По лошиот старт на сезоната во Премиерлигата и поразот од Тотнем со 6-1, се шпекулираше дека доаѓа крајот на Солшер, раководството на Манчестер јунајтед му спрема отказ, но работите се менуваат.

Англија

По поразот од Тотнем, Манчестер јунајтед најпрво одговори со победа од 4-1 во Њукасл, а синоќа го победи и богатиот ПСЖ на негов терен.

Тоа беше десетата победа на Манчестер јунајтед на гостински терен по ред. Оле Гунар Солшер направи нешто што досега не му успеало на ниту еден друг тренер на Јунајтед, десет последователни гостински победи.