24фудбал

На Клоп му дојде преку глава од Карагер, жестоко му одговори на критиките

На Јирген Клоп не му се допаднаа коментарите на Џејми Карагер по повредата на Ван Дајк, па директно му одговори на легендарниот дефанзивец на Ливерпул.

Англија

Откако се повреди Ван Дајк, Џејми Карагер кој сега работи како фудбалски критичар, изјави дека Јирген Клоп требал да ја засили одбраната со уште еден централен дефанзивец во текот на летниот преоден рок.

На Клоп не му се допаднаа критиките од Карагер, па веднаш му одговори.

„Во сезоната влеговме со тројца централни дефанзивци плус Фабињо кој може да игра на таа позиција и неколку младинци“, вели Клоп.

„Тешко е да имаш четворица централни дефанзивци од светска класа“.

„Доколку некој сака да ни каже дека сме направиле грешка, мислам дека тоа Карагер го кажа веќе, тоа е една од малкуте причини поради кои тие луѓе не ја работат оваа мојата работа“.